Нова услуга за клиентите на УНИ Банка АД Скопје во соработка со Evrotrust и Mastercard

На големо задоволство на клиентите како и на наше огромно задоволство, Ве известуваме дека УНИ Банка АД Скопје воведе нова услуга, и стана една од првите Банки во Македонија која им овозможува на своите клиентите целосно ново дигитално искуство при добивање на банкарските услуги на далечина, а со користење на мобилната апликација “ID“ која што е дел од платформата “ID operated by Evrotrust”.

Новата услуга преку платформата “ID operated by Evrotrust” е овозможена од страна на Mastercard и Evrotrust Technologies.

Отсега, клиентите на УНИ Банка ќе имаат поголема флексибилност, полесен, побезбеден и побрз пристап во добивањето и користењето на банкарските услуги.

Воедно, Клиентите на УНИ Банка полесно ќе можат да го планираат и да го заштедат и своето време бидејќи банкарските услуги ќе можат да ги користат на далечина, без да има потреба физички да посетат било која од експозитурите на УНИ Банка.

Услугата не само што е лесна и едноставна за употреба, туку е и безбедна, и е во согласност со сите локални Закони и Европски Регулативи.

Мобилната апликација “ID“ на клиентите на УНИ Банка, независно када и да се наоѓаат во земјата или во странство, им ги дава следните можности:

  • да се идентификуваат на далечина и
  • да потпишуваат правно обврзувачки документи во дигитална форма со својот Квалификуван Електронски потпис на далечина.

Согласно најновите Законски регулативи Квалификуваниот Електронски Потпис има иста правна важност како и своерачниот потпис.

Постапката за отпочнување на користење на услугите на УНИ Банка на далечина е брза и едноставна, во 4 чекори:

  • Ја превземате апликацијата “ID” преку Google Play или App Store
  • Го креирате својот профил (Електронски Идентитет)
  • Го превземате својот Квалификуван Сертификат
  • Ги потпишувате “Општите услови“ за користење на апликацијата

Откако еднаш ќе го креира својот профил (Електронскиот Идентитет), клиентот ќе може да ја користи апликацијата “ID” за далечинско идентификување или за потпишување на дигитални документи кон сите компании и институции кои што ја овозможуваат оваа услуга.

Дигиталните услуги, Електронскиот Идентитет и Квалификуваниот Електронски Потпис,  добиени преку апликацијата “ID” ќе бидат целосно бесплатни за клиентите на УНИ Банка.

Применувањето на нови технологии и проверени дигитални алатки дава предност на пазарот, обезбедувајќи нови привилегии за клиентите, кои значат слобода, заштеда на време и пари.

Затоа, да ја користиме технологијата за добро!

Електронскиот Идентитет во Р. С. Македонија е овозможен согласно “Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги“.

Evrotrust Technologies како регистриран и лиценциран издавач на Шема за Електронска Идентификација во нашата држава, имплементира највисоки безбедносни принципи за ракување и заштита на личните податоци. Со оваа услуга, УНИ Банка ги исполнува највисоките глобални стандарди на Mastercard за дигитални решенија од далечина.