Северна Македонија е водечка во решение за дигитален идентитет во јавниот сектор

Македонските граѓани наскоро ќе бидат во можност дигитално да ги добијат документите од државните институции, од далечина да отворат нова сметка во банка, или да добијат припејд или постпејд сметка за мобилен телефон. Сето ова ќе биде можно со новиот проект имплементиран од страна на Владата на Северна Македонија, и компанијата за дигитални плаќања и услуги Mastercard. Земјата започнува пилот проектот кој вклучува голем број на решенија кои ќе ги унапредат аспирациите за дигитална економија во земјата.

На 7 февруари, Министрите за Информатичко Општество и Администрација и Финансии, Дамјан Манчевски и Нина Ангеловска потпишаа Меморандум за Разбирање со регионалниот менаџер на Mastercard за Бугарија, Северна Македонија, Албанија и Косово – Вања Манова, што ќе му овозможи на Mastercard да воспостави модерна технологија за дигитален идентитет во земјата. Услугата ќе станат достапна подоцна во текот на годината.

Подобро искуство за граѓаните и бизнисите

Партнерството на Mastercard со македонските власти има за цел да обезбеди локален дигитален идентитет и поврзани услуги, како дигитално потпишување и верификација на документ, кои може да се користат за голем број секојдневни активности. Со отворање апликација на мобилен уред, корисниците може да ги скенираат нивните лична карта или пасош. На тој начин, податоците се проверуваат, а камерата на мобилниот уред се вклучува и проверува дали ова е истата личност. Сето тоа се случува во реално време. “Ова значи дека вие веќе не треба да користите флеш драјвови, токени, хартиени документи или да сте физички присутни за институцијата да ве идентификува”, објасни Дамјан Манчевски, Министер за информатичко општество и администрација. “Задвижувањето на нашата економија е најважно. Но за да се исполни нашиот потенцијал, секој мора да воспостави основа за доверба во дигиталните услуги.”

Министерот за финансии Нина Ангеловска истакна дека очекува ова партнерство да обезбеди услуга за дигитален идентитет која го подобрува секојдневното искуство на граѓаните, зголемувајќи ја ефикасноста на јавните и приватните служби на патот кон поголем економски раст.

“Со оглед на тоа што ова решение е компатибилно, тоа значи дека македонските граѓани ќе можат да се идентификуваат (да ставаат дигитални печати на различни документи и надвор од границите) кај компаниите и владите, кои не се само во Северна Македонија”, објасни Вања Манова, Менаџер на Mastercard за Бугарија, Северна Македонија, Албанија и Косово. Пилот проектот во Македонија е дел од пошироката иницијатива на компанијата за дигитални услуги MasterCard, а слични проекти се во тек и во другите земји. “Имаме можност да изградиме хаб за дигитални иновации со воведување услуги на дигитален идентитет како и доверливи услуги кои се прифатени на локално, регионално и глобално ниво,” изјави Чарлс Волтон, Потпретседател на MasterCard за дигитален идентитет.

Чекор поблиску до ЕУ

Овој напор, прв од ваков вид, ќе биде усогласен со неодамна создадените прописи за дигитален идентитет во Северна Македонија и пошироко со европските стандарди eIDAS (електронска идентификација, потврдување и доверба) стандарди. Со започнуваањето ќе се овозможат едноставни дигитални интеракции помеѓу бизнисите и владини агенции во регионот и во целиот свет. “За Северна Македонија ова е исто така важен чекор кон интеграцијата во ЕУ бидејќи оваа технологија и услугата се усогласени со сите регулативите на ЕУ и ќе им се овозможи на граѓаните да се идентификуваат пред органиче на која било земја-членка на ЕУ. Ова исто така ќе овозможи трансакции помеѓу бизнисите на Северна Македонија и ЕУ,” објасни проф. д-р Ѓорѓи Димитров, експерт за дигитален идентитет и член на одборот на технолошката компанија Evrotrust.

Според него, за да го овозможи ова за нешто малку повеќе од една година, Северна Македонија усвои нова регулатиа за дигитална идентификација, а, успеа да се создаде и централизиран портал е-Влада кој овозможува пристап од едно место до различни регистри и на тој начин ја овозможува примената на таквата технологија.

Во меѓувреме, Бугарија исто така полека напредува кон нудење на широк спектар на јавни е-услуги на своите граѓани и бизниси. Главната разлика, според Проф. Ѓорѓи Димитров, е во тоа што во Република Северна Македонија процесот беше забрзан благодарение на политичката волја и поради фактот што македонската влада беше отворена кон приватнии производи и шеми за e-идентификација, како на оние понудени од страна на Mastercard.

Прашања и одговори

Теми во тренд: Кои се предностите, а кои предизвиците кои доаѓаат со имплементација на овој проект во Северна Македонија?

Чарлс Волтон: Голема предност е заштедата на време, намалувањето на хартијата и намалувањето на трошоците за интеракција. Предизвиците ги зближуваат учесниците – власта, давателите на технолошки услуги, банките, мобилните оператори – соработка никогаш не е лесна. Мислам дека владината поддршка тука е голем чекор за намалување на предизвиците, тие имаат волја и храброст да се продолжи на овој начин.

Како овој проект се споредува со успешните и позитивни примери, како што е, на пример естонскиот дигитален идентитет?

Чарлс Волтон: Всушност, јас мислам дека може да се постигне тој потенцијал, па дури и повеќе, во смисла на тоа дека Mastercard ги прави нештата на локално ниво, но како дел од глобалната иницијатива. Ова може дури и да го надмине она што е направено во Естонија поради фактот што ние сме интероперабилни на глобално ниво. Мислам дека тоа е голема придобивка за унапредувањето на дигиталната економија во Северна Македонија.

Дали верувате дека земјите од Западен Балкан го имаат потребниот капацитет кога зборуваме за ракување со чувствителни и лични информации, како што е предвидено со проектот?

Вања Манова: Апсолутно, веруваме дека Западен Балкан е вистинскиот регион и затоа сме тука. Иако Северна Македонија не е најголемата земја во регионот, ние, како една од најголемите меѓународни компании ги инвестираме нашето време, пари и технологија тука, затоа што гледаме потенцијал. Ние исто така ја гледаме подготвеноста на Владата и на Централната Банка да ги имплементираат и да ги воведат сите овие промени во законодавството, со што најмногу ќе се заштитат корисниците.

Дали Mastercard има слични партнерства и дали се планираат слични иницијативи на друго место на Балканот?

Vanya Manova: Ова е прво партнерство помеѓу Mastercard и владата во однос на дигитален идентитет. Јас навистина верувам дека ова ќе биде одличен пример за сите други земји од целиот Балкан, но не само за нив. Ние ќе го направиме овој случај достапен за целиот свет, бидејќи тоа е многу релевантно насекаде.

Република Северна Македонија, Mastercard го дизајнираше Национален сервис за дигитален идентитет за да помогне во растот на дигиталната економија

Партнерство за градење по меѓународни стандарди, рамка

Владата на Република Северна Македонија и Mastercard денес ги претставија плановите за низа дигитални решенија што ќе ги унапредат аспирациите на дигиталната економија во земјата и ќе им дадат на граѓаните нов начин да го докажат својот идентитет при пристап до јавните и деловните услуги.

Целта на Партнерството е да донесе локален дигитален идентитет и сродни услуги – како што се потпишување и верификација на дигитален документ – кој што македонските граѓани можат да ги користат во бројни секојдневни активности. Меѓу првите апликации се електронските активности „Запознај го својот клиент“ за поддршка на далечинско отворање на нови банкарски сметки, без посета на филијала лично, како и нови припејд и постпејд претплати за мобилен телефон.

„Технологијата ги менува нашите животи на начини за кои до пред неколку години можевме само да сонуваме“, рече Ајај Бала, Претседател на “cyber & intelligence“ на Mastercard. „Најдобрите решенија доаѓаат со здружување на силни партнери. Заради тоа драго ни е што работиме со Македонската влада за решавање на реалните проблеми за нивните граѓани. Со оваа услуга, тие можат да користат дигитален идентитет за јавни услуги, притоа задржувајќи ја контролата врз нивните податоци со сигурност, приватност и доверба “.

Овој, прв од ваков вид напор ќе се заснова на неодамна креираните регулативи за дигитален идентитет во Република Северна Македонија и пошироките европски стандарди eIDAS (електронска идентификација, автентикација и доверливи услуги). Откако ќе биде започната, оваа услуга исто така ќе овозможи непречена дигитална интеракција помеѓу деловните субјекти и владините агенции низ целиот регион и целиот свет.

„Унапредувањето на нашата економија е од пресудно значење. Но, за да ги исполниме нашите потенцијали, сите мора да воспостават основи за дигитални доверливи услуги“, рече Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација.

„Ова партнерство ќе ја обезбеди услугата за дигитален идентитет што ги подобрува секојдневните искуства, истовремено зголемувајќи ја ефикасноста на нашите јавни и приватни услуги на патот кон поголем економски раст“, рече Нина Ангеловска, министер за финансии.

Партнерството ќе промовира отворена соработка со влади, банки, оператори на мобилни мрежи, универзитети и други партнери за обликување на услугите. Покрај услугата за дигитален идентитет, Mastercard исто така ќе поддржува други иницијативи за е-Влада и е-Услуги и ќе промовира сродни најдобри практики од други географски подрачја.

Услугата на Mastercard за дигитален идентитет имплементирана во Македонија се заснова на дистрибуиран модел што ја елиминира потребата од централизирана база на податоците за идентитет. Се базира на пристапот на Mastercard насочен кон потрошувачите, наведен во документот за визија „Принципи на дигиталниот идентитет“, кој дава приоритет на приватноста по дизајн

Вредноста на јавното-приватно партнерство

Според последната објавена “Бела книга“ на Светскиот економски форум, соработката помеѓу јавниот и приватниот сектор нуди потенцијал за создавање нови модели на безбеден, корисен дигитален идентитет, кои се базираат на посветено и одговорно ракување со личните податоци, давајќи им на потрошувачите контрола на тоа кои податоци се користени и на кој начин се користени.

Владите низ целиот свет веќе работат на широк спектар на иницијативи за дигитален идентитет, почнувајќи од специфицирање на стандарди до развој на апликации и инфраструктури.

Напорите на Mastercard со Северна Македонија се дел од поширокиот круг на напор да се поддржи трансформацијата на начинот на кој поединци, претпријатија и јавните институции комуницираат on-line. Оваа иницијатива тесно се усогласува со партнерството на компанијата со француската влада за забрзување на дигитализацијата на економијата на земјата, заедно со другите стратешки соработки како што е веќе најавено со образовните и владините институции во Австралија. Понатамошни партнерства и пилот проекти ќе бидат воведени во текот на 2020 година.

За да дознаете повеќе за визијата на Mastercard за дигиталниот идентитет и идентификацијата, посетете ја WEB страницата www.idservice.com